Златото за влакно му избега на Дамјан Давков на Интернационалната Олимпијада по Информатика во Египет 2024

Од 01.09.2024 до 08.09.2024 во Александрија, Египет, се одржува 36-тата по ред Интернационална Олимпијада по Информатика (ИОИ 2024)! На македонските натпреварувачи Дамјан Давков, Благој Рујаноски Стојановски, Софија Велковска и Виктор Максимоски!

Според официјалната ранг листа, Дамјан Давков се најде на 38-мото место, со освоени 350 поени од можни 600. Тоа му носи сребрен медал, а само 9 поени го делеа од историското злато. До сега Македонските информатичари имаат освоено 4 сребрени и 24 бронзени медали на ИОИ. Дамјан Давков лани освои бронзен медал, што значи дека догодона на ред е злато.

Единствениот учесник кој успеа да ги реши сите задачи, односно да освои 600 поени, беше кинезот Кангјанг Жоу, што е реткост на олимпијадите.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *