Знаете ли што крие најмагичната пештера во светот стара 30 милиони години?

Пештерата, која се наоѓа во џунглите на Нов Зеланд , веќе е стара 30 милиони години. Токму тука постои еден многу необичен феномен, кој едноставно не постои никаде на друго место во светот.

Длабоко, под мрачните и топли сводови, живеат колонии на необични црви, кои испуштаат сино-зелена светлина доволно силна за да ја осветли целата пештера. Овие прекрасни и чудни суштества се нарекуваат Арахнокампа Луминоса. Истражувачите тврдат дека нивниот изглед е стар колку и самата пештера.

1. Овој организам е ларва на габичен комарец, мал двокрилен инсект роден во Нов Зеланд.

2. Таванот на пештерата е омилено место за гнездење на овие необични црви.

3. Светлината на Арахнокампа се користи за привлекување помали инсекти, со кои се храни овој вид.

4.  Ако светлината влезе во пештерата, тогаш Арахнокампите се целосно невидливи за човечкото око.

5. Овие инсекти се активни само ноќе. Набљудувачите го опишуваат искуството од посетата на пештерата како под ѕвездите во темна ноќ.

6.  Убавината на овие светулки е многу минлива. Еден црв живее само еден ден.

7. Арахнокампите се плашат од чад. Запален факел ги плаши.

8.  Ова е еден од ретките копнени видови кои можат да светат. Повеќето биолуминисцентни видови живеат под вода.