„Знаев дека ако застанам ќе умрам“: Моторџија вози во погрешна лента на автопатот поради прилично несекојдневна причина

Едуардо Пимента се возел на автопатот Ферњо Диас кон Атибаја во Сао Паоло, Бразил, кога пред него излегол друг маж на мотор. 56-годишниот човек не очекувал дека двајцата мажи на моторот пред него ќе се обидат да го застрелаат со цел да го ограбат. Преплашениот пензионер во тој момент го сцртел моторот во спротивната страна и се трудел да ги избегне автомобилите и камионите кои оделе кон него.

Во некои моменти Едуардо возел со брзина поголема од 150 км на час и возел околу два километри по автопатот. После обидот за грабеж г-дин Пимента рече дека се обидел да го пријави во полиција, но не бил во можност да го логира инцидентот преку Интернет. Секретаријатот во Сао Паоло вели дека без извештај од Цивилната полиција не може да го испита случајот.

 

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!