Зои од Лондон заработува големи пари така што мажите ѝ го чистат станот и ѝ ги обожуваат стапалата

Доколку ве прашаме која би била идеална работа за вас што би одговориле? Дали тоа би било нешто за кое отсекогаш сте имале страст, или буквално нешто што ќе ви носи најмногу пари?

28-годишната Зои Ноир го живее сонот така што заработува 570 евра на час (да за 1 час), така што ги присилува мажите да ги извршуваат нејзините наредби и да ѝ го чистат станот.

Зои, од Лондон, се пријавил на страницата за средби за BDSM, откако нашла информации за детали од животот на доминатрикс. Кога сфатила дека од тоа може да направи кариера и пари, а исто така и здодеала нејзината девет до пет канцелариска работа како брокер за недвижнини, Зои решила да се испроба во бизнисот.

Во 2016 година, таа одлучила да стане доминантрикс со полно работно време, патувајќи во Прага за да научи од другите како функционира „професијата“. Додека тие ја подучувале на основите на BDSM и моќта, Зои тврди дека учела и сама преку истражување на сопствените фетиши и експериментирање со нејзините покорници.

Зои се гледа и со лица на кои ваквото искуство им е ново, обично студенти или млади професионалци на возраст меѓу 25 и 30 години – но има и повеќе редовни сесии со „искусни покорници кои имаат поголем расположлив приход“, од кои некои се „дефинитивно во брак“. Овие искусни покорници се извршни директори, претприемачи или имаат некаква управувачка улога и обично се во доцните 30-ти до 40-ти, според Зои.

Откако станала доминантрикс со полно работно време, Зои забележала позитивна промена во нејзиниот живот и се чувствува „многу посигурна“ во себеси како жена. „Не се плашам да барам што сакам и колку точно сакам да се случи нешто“, вели таа.

Таа верува дека е „среќна“ да биде дел од таква „вистинска поддршка од заедницата“ и вели дека „никогаш“ не се соочила со омраза од луѓето заради тоа што го прави.