Џонатан Ли – човек што заработил илјадници и живее од судски тужби
Замислете да имате роднина кој постојано ве тужи. Во споредба со Џонатан Ли, вашите роднини би биле вистински ангели! Овој човек станал познат низ светот по илјадници поднесени судски тужби – и што е најинтересно, многу од нив ги добил.
Сè започнало кога ја тужел сопствената мајка за „лоша грижа“ и добил 20.000 долари. Оттогаш, не застанал – ги тужел пријателите, соседите, полицијата, судиите, па дури и големи корпорации.
Како страствен играч на World of Warcraft, ја тужел Blizzard затоа што играта „му одзела премногу време и пари“. Создателите на GTA не поминале подобро – според него, тие биле виновни што тој тргнал по криминален пат.
Нема кого нема тужено…
Познати личности исто така биле негова мета – поднесувал тужби против Џорџ Буш, Бритни Спирс, Стив Џобс и многу други. И покрај тоа што тие имале тимови адвокати, Ли излегол како победник во многу случаи.
Во текот на животот поднел околу 2600 тужби, од кои 1500 биле отфрлени како бесмислени. Но, од останатите успеал да заработи преку 8 милиони долари.
Во 2009 година ја тужел Книгата на Гинисови рекорди затоа што одбила да го вклучи како „најуспешен судски тужител“. Судот ја отфрлил и оваа тужба.
Кога бил поканет во ТВ емисија, водителот го прашал зошто, и покрај славата и парите, живее сам и никој не го сака. Ли веднаш поднел тужба против телевизијата – и добил уште 50.000 долари.
Да живеел во Средниот век, веројатно ќе ја загубел не само својата среќа, туку и главата.
Коментирај анонимно