Зоолошка градина ги насмеја своите посетители до солзи со „специфичната“ фризура на нивниот лав
Лавовите имаат прекрасна грива која служи како „круна“ за кралевите на џунглата, но еден лав од зоолошка градина стана мета на потсмев откако самиот си направи комична фризура.
Лавот наречен Ханг Ханг во зоолошката градина во Гуангжу во Кина си доби специфична фризура. Крзното на големата мачка прилично се исправило, па фризурата му наликува на познатиот „мулет“ од 90-тите со шишки. Носталгичната фризура настана како резултат на високата влажност во регионот, но и талентот на лавот.
Чуварите на зоолошката градина рекоа дека големата мачка си ги лижела шепите и сама си ја средувала „косата“ за да создаде невообичаено исправен стил, кој потсетува на тенисерот Андре Агаси во 90-тите.
Портпаролот на зоолошката градина рече: „Фризурата беше чисто природна магија. Не би се осмелиле да му ја скратиме косата на лавот. Изгледаше како русокос супермодел со шишки поради високата влажност во Гуангжу.“
„Тој е најубавото момче овде сега и повеќе луѓе доаѓаат да го видат“, додаваат од зоолошката. Гуангжу – град во Јужна Кина – забележа температури до 32 Целзиусови степени во неделата, достигнувајќи 89 проценти влажност, откако ја забележа најстудената температура од 13,7 Целзиусови само претходно овој месец.
Минатиот месец беше објавено дека повеќе од милијарда луѓе ширум јужна Азија се соочуваат со рекорден топлотен бран што ги остава „да дишат во сенка што ќе ја најдат“.
Температурите во северна Индија и Пакистан – кои се граничат со Кина – се искачија на 47 степени Целзиусови откако Пакистан го доживеа најтоплиот март во последната 61 година.
Јакобабад – град во Пакистан – достигна 51 Целзиусови степени , објави Гардијан минатата недела.