Зоран Кардула на свој креативен начин му го честиташе Илинден на родното Крушево
Зоран Кардула е македонски графички дизајнер и сликар. Тој е еден од најхиперпродуктивните артисти и секогаш пријатно изненадува со своите дела. За Кардула неговото родно Крушево секогаш ќе биде најголема инспирација, па така и оваа година не пропушти да го честита Илинден на свој уникатен начин.
Зоран на својот Твитер профил објави неколку нови постери од неговиот серијал Star Wars & Makedonium и мора да признаеме навистина е интересно да се види оваа комбинација.
Кардула е роден во 1967 година во Крушево во влашко семејство. Тој е дипломиран електроинженер кој со графички дизајн се занимава од 2000 година. Тој учествувал на различни конкурси и натпревари каде што неговото творештво поминувало одлично.
Кардула во 2017 година издаде и книга, „Гуш и Бац”, која била создадена од зборовите на неговата аутистична ќерка Ерато. Книгата содржи измислени 47 зборови на Ерато, преведени на 19 јазици, како и 47 илустрации на нејзините зборови создадени од 33 креативци.