Зошто да си ги трошиш крилјата, кога можеш да леташ во прва класа? Патниците во авионот не очекуваа ваков двоен лет

Летот со авион често знае да биде кошмар, бебиња кои вриштат, баби и дедовци кои постојано стануваат за да одат во тоалет, луѓе пред вас кои го враќаат седиштето и нивната глава завршува во вашиот скут. Но, верувајте може и полошо, а патниците од летот GoAir во северна Индија најдобро го знаат тоа.

Безобразен гулаб некако успеал да влезе во авионот (без да плати карта) предизвикувајќи паника кај персоналот на авиокомпанијата и патниците. Летот бил одложен некој период откако од просторот за багаж излетал гулаб. Никој не знае како ова се случило, но сите почнале да го бркаат гулабот и да го избегнуваат.

Научно е докажано дека смеењето го продолжува животот. На каналот Смешни видеа секојдневно се објавуваат по повеќе вакви „продолжувачи на животот“. Токму затоа и постои Мотика, да ве насмее и да ви го разубави секој ден од животот.