Зошто плаче бебето? (виц)

Македонските нaучници го направија следното интересно истражување:
На 10 мајки им покажаа фотографија на бебе кое плаче и ги прашаа:
„Зошто плаче бебето?“
Тие дадоа брзи и адекватни одговори:
„Има стомачни грчеви“, „Гладно е“, „Му никнува забче“, „Треба да му се смени пелена“ итн.
Потоа им ја покажаа истата фотографија на татковците и им го поставија истото прашање „Зошто плаче бебето?“. Сите татковци дадоа еден ист одговор:
„Плаче за мајка му!“