Зошто 1 април се слави како ден на шегата + Бонус 10 кратки првоаприлски вицови

Денес е светски ден на шегата затоа ќе ви предложиме неколку цитати од познатите филозофи Сократ, Платон и Аристотел.
Априли-ли-ли!! Никогаш не сме филозофирале многу така што целта ни е да ве насмееме со вицови.

Дали сте знаеле дека една од првите регистрирани првоаприлски шеги се случила во 1713 година, кога Џонатан Свифт, автор на Гуливеровите патувања, објавил дека на 1 април еден од погубените криминалци ќе се врати од мртвите за да се напие пиво во локалниот паб. Тој ден пабовите биле преполни со луѓе што дошле да го видат „мртовецот како консумира пиво“. Шегата му била прилично успешна.

Следуват вицовите:

– – – – – –

Доброто здравје доаѓа од напредната медицина.
Априлили!
Доаѓа од СМЕАТА, СПОКОЈСТВОТО И ЉУБОВТА!

– – – – – –

– Зошто на први април политичарите не одат на работа?
– Затоа што им е професионален празник.

– – – – – –

Мајката се враќа од работа, на вратата ја пречекува синот и ѝ вели:
– Мамо, мамо, во спалната има непознат чичко и има се*с со комшивката Маре.
– Ауу, како така!? Кој ги пушти во нашата спална? А татко ти каде е?
– Априлили мамо, денес е први април, не е непознат чичко, тато е.

– – – – – –

По повод први април, на националната телевизија ќе има специјална шоу-програма со учество на познати политичари.

– – – – – –

Мажот се враќа од работа и ѝ вели на жена си:
– Брзо соблекувај се. Ајде брзо и легнувај на спалната. Не можам да издржам повеќе.
– Како така “брзо соблекувај се”? Зошто? Веќе три години, откако не си ти текнало на тоа!
– Да, соблекувај се кога ти велам. Сега ќе видиш што е тоа вистински с*кс.
– Сега, брзам, брзам…
– Готово ли? Се соблече ли?! Конечно успеав да излажам некој за први април. Априлили!

– – – – – –

– Душо, трудна сум! Што сакаш да е?
– Први април!

– – – – – –

На телефонот на Чак Норис датумот се менува од 31 март директно на 2 април. Никој не се заеб*ва со Чак Норис.

– – – – – –

Се враќам дома и на масата белешка:
“Душо, морам итно да одам една недела на гости кај мама”.
Веднаш се јавив да ја поканам комшивката на кафе и коњак. Дојде таа, си се расположивме, кога наеднаш влегува жена ми со две полни кеси од супермаркет. Први април било.

– – – – – –

– Жена ми денес побра развод од мене и тоа за еден збор.
– Зошто?
– Ми вели саблје изнеси ја елката.
– А јас ѝ велам ја изнесов без ти да ми кажеш. Таа се израдува, а потоа јас го кажав зборот.
– Кој збор?
– Априлили.

– – – – – –

Мајката ја пуштиле неколку часа порано од работа поради пандемијата. Влегува дома и синот ја пречекува на вратата со зборовите:
– Мамо, тато е во спалната со непозната жена.
– Е сега ќе го убијам, говедо едно!
– Априлили мамо! Не е непозната, комшивката е…