Зошто е модерно да се биде „дебел“ во 2022? Модна недела на „заоблени“ девојки која крена голема прашина

Австралиската модна недела на „заоблени“ девојки со промовирање на ваков тип на модели се обидува да го сруши дискриминаторскиот однос за девојките со „облини“. Неверојатен е фактот, колкав број на „нетипични“ девојки продефилираа на модната недела, меѓу кои: девојки во инвалидка количка, други пак со ампутирана нога, како и „заоблени“ девојки.

Модните гуруа се едногласни дека ова е историска општествена промена, каде се рушат сите бариери, а „големината“ на девојките веќе не претставува никаква пречка. Интересот да се прикажат модели со различни форми и големини, е навистина огромен. Во минатото, ги исклучувале моделите со прекумерна тежина, поради фактот дека шиењето облека за нив претставува поголем трошок поради потребата од повеќе ткаенина.

Модните коментатори брифираат дека модната ревија почнала доста „тивко“, со маички и фармерки, но, потоа овие модели продефилирале во вечерни тоалети. Моделите на оваа модна ревија промовирале облека од 14 австралиски модни брендови. Поентата на модната ревија е да се подигне свеста за дискриминација на „дебелите“ луѓе и сите оние кои наидуваат на некаква осуда од околината за нивниот изглед.

Заштитата на моделите со прекумерна тежина оди до таа мера што веќе се санкционира секој непримерен коментар упатен за нивниот изглед. Таков е случајот со контроверзниот канадски психолог, д-р Џордан Петерсон, кој изјавил дека моделот на насловната страница на познато спортско списание, „не е убав“. Следела лавина на осуди за неговиот став и токму затоа бил принуден да ја напушти социјалната мрежа Твитер. Со сличен однос се соочил и д-р Петерсон, кој го коментирал изгледот на „плус сајз“ модел на насловна страница од друго списание. И тој не останал поштеден од големиот број негативни критики упатени на негова адреса.

Со овој тип на модна недела, се рушат стереотипите дека манекенки и модели можат да бидат само слабите девојки. Сепак, не е целосно прифатена оваа општествена промена, од страна на мнозинството. Сѐ уште ќе има луѓе кои негативно ќе реагираат на настани од ваков тип.