Зошто луѓето ставаат тоалетна хартија во фрижидер? Изненадувачки „хак“ кој стана вирален на Интернет

Можеби вашето млеко се закисели или остатоците од храна ви останаа само еден ден предолго, но од таа карактеристична смрдеа на расипување што произлегува од вашиот фрижидер е речиси невозможно да се ослободите.

Освен, се разбира, ако не ги следите „мудреците“ на TikTok кои се колнат во ставање тоалетна хартија во фрижидер. Добро слушнавте – вашата тоалетна хартија може да впие мириси.

Иако можеби не е најапетитната глетка, таа сепак ја апсорбира влагата во воздухот што може да придонесе за појава на мувла и непријатни мириси.

 

Сода бикарбона почесто се користи за неутрализирање на мирисите, која работи подобро при елиминирање и на вишокот на влага и на киселините што создаваат мириси. Но, ако сте во зорт и тоалетната хартија ќе ја заврши работата.

Се препорачува да користите свежа ролна, да ја ставите во задниот дел од фрижидерот подалеку од се што може да истече и да ја фрлите ролната по три недели – „не обидувајте се повторно да ја користите ролната во бањата“.

Иако на пазарот има дезодоранси специфични за фрижидерот, други начини за неутрализирање на смрдеата во вашиот фрижидер вклучуваат активен јаглен, ванила, талог од кафе, лимон и овес.

Исто така треба да се осигурате дека смрдеата доаѓа од мистериозно излевање или расипана храна за тоалетната да делува. Затоа што некогаш може да доаѓа и од садот за фрижидер, кој се наоѓа на задниот дел од фрижидерот и ги собира сите течности што се исцедени.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *