Зошто Македонецот пие ракија? (виц)

Одговорот на тоа прашање е закодиран во зборот РАКИЈА, кој е кованица од зборови од старомакедонскиот речник:
“РА” – означува сонце, бог, вледеење
“КИ” – внатрешна енергија
“ЈА” – јас
Со други зборови, зборот ракија значи:
„ЈАС ВЛАДЕАМ СО ВНАТРЕШНАТА ЕНЕРГИЈА“
Забелешка:
Горното важи само при помали количини на ракија. При посериозна консумација, енергијата станува толку голема што допринесува за развивање на фолклорот, а зборот РАКИЈА во таквите случаи се толкува како:
„ВНАТРЕШНАТА ЕНЕРГИЈА ВЛАДЕЕ СО МЕНЕ“