Зошто мажите и жените се различни? (виц)

Адам и Ева си играле во рајската градина, кога кај нив слегол Бог и им рекол:
— Деца мои, имам за вас два подароци, но вие треба да одлучите кому што ќе му припадне… Првиот подарок е: да мокрите стоејќи.
Адам веднаш почнал гласно да вика и да скока дека тој сака да мокри стоејќи, дека цел живот сонувал за тоа. Ева му попуштила а Адам почнал да трчал низ градината — се радувал, скокал од среќа и мокрел на сè што ќе стигне! На дрвјата, на цвеќињата, на секоја бубачка или едноставно на земјата!
Ева застанала покрај Бог. Во тишина двајцата го гледале тоа лудило… таа неизмерна среќа. И тогаш Ева прашала:
— Боже, а кој е вториот подарок?
И Бог рече:
— Мозок, Ева… за тебе имам мозок! Но, Ева, ќе мора да му дадеме малку и на Адам, инаку сè ќе измоча тука!

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *