Зошто можат да ви се појават премногу седи влакна на млада возраст

Ако мислите дека сте единствените чија коса рано стана сива, не сте во право. Раното проседување е честа работа и иако може да биде непријатно, тоа исто така може да биде знак на одреден проблем во телото.

Можеби имате недостаток на витамин Б12

Според експертите, недостаток на витамин Б12 е најчеста причина за косата прерано да ви стане сива. Исто така, може да доведе до проретчување и опаѓање на косата. За да го избегнете ова, проверете дали внесувате храна како јајца, говедско, туна и лосос во вашата исхрана. Вие исто така може да консумирате Б12 како додатоци.

Можеби имате проблем со тироидната жлезда

Вашите проблеми со тироидната жлезда директно влијаат на фоликулите на вашата коса, според истражувањата. Ако имате рана сива коса или абнормалности како кршлива или мрсна коса, тоа може да се должи на дисфункција на тироидната жлезда.

Конзумирате повеќе нездрава храна отколку здрава храна

Различни студии направени на ова прашање откриле дека феритин, калциум, витамин Д-3, бакар, цинк и железо можат да ја одржат вашата коса здрава – додека недостатокот на нив може да доведе до рана седа коса.

Стрес

Раната сива коса е поврзана со стресот од страна на експертите. Под стрес влијаете на матичните клетки кои се одговорни за регенерација на вашата коса, што доведува до појава на сиви пред да дојде вистинското време.

Можеби сте ги наследиле

Да, можеби ќе ги наследите тие бели влакна од вашите родители и баби и дедовци. Според дерматолозите, нашата генетика игра огромна улога. Ако некој од вашето семејно стебло рано имал седа коса, постои можност да го доживеете истото.

Можеби користите производи за коса со хемикалии и штетни бои

Од шампони до бои за коса, повеќето производи за коса може да доведат до седа коса. Штетни хемикалии присутни во нив го намалуваат нивото на меланин, што на крајот ја прави вашата коса да ја изгуби својата природна боја.