Зошто некои влакна на нашето тело растат екстремно долги?

Ова им се има случено на многумина од нас. Доколку случајно го допирате вратот или поминувате со дланката со раката и забележувате екстремно долго влакно кое изгледа како тука да се појавило преку ноќ, кое најверојатно е и бело по боја, верувајте не сте сами.

И покрај фактот дека многумина од нас имале слични искуства, сè уште нема специфичен термин за овие повремени необични влакна. Сепак, постојат теории што го објаснуваат овој феномен. Дерматолозите претпоставуваат дека абнормално долгите единечни влакна се поврзани со хормонални и генетски фактори кои ги прават некои влакна подолги од другите.

Случајните мутации овозможуваат некои „одбрани“ фоликули на влакното да останат подолго во таканаречената анагена фаза, во која влакното активно расте. Како резултат, овој осамен фоликул има повеќе време да расте подолго влакно. Хормоналните флуктуации што се јавуваат на различни места, на пример на брадата или Т-зоната, исто така, можат да предизвикаат овие „абнормалности на влакното“. Ако овие влакна ве вознемируваат, дерматолозите предлагаат да ги извлечете со пинцети како и обично.

Понекогаш ги наоѓаме овие влакна толку одеднаш што се чини дека тие пораснале буквално преку ноќ. Сепак, ова е само наша перцепција. Овие влакна се многу тенки, блиски по боја на нашата кожа и скоро невидливи во споредба со нашите „нормални“ влакна. Ова е причината зошто понекогаш ни треба долго време да ги забележиме на нашето тело.