Зошто операцијата е можеби подобар метод за отстранување на вишокот килограми, отколку труењето со „магични“ апчиња?
Лековите базирани на семаглутид стануваат сè популарни поради нивната ефикасност во намалување на телесната тежина, но нова студија покажува дека сепак не се ни приближно ефикасни како хируршките интервенции.
Истражувачи од Универзитетот Њујорк (NYU) ги споредија резултатите од гастричен бајпас игастректомија со оние од лицата кои земале семаглутид или тирзепатид — лекови што го имитираат хормонот GLP-1 кој го контролира апетитот.
Користејќи здравствени податоци, тие ги споредија пациентите врз основа на возраст, индекс на телесна маса и шеќер во крвта. Резултатите покажале дека луѓето што се оперирале изгубиле во просек 25,7% од својата тежина за две години, додека оние на терапија со лекови изгубиле само 5,3%.
Како пациентите се однесуваат кон операциите и третманите потоа?
Причините за ова се неколку: пациентите често не се придржуваат долгорочно до терапијата со GLP-1 лекови, додека операцијата е трајна интервенција. Сепак, дури и на краток рок, хируршките резултати остануваат подобри. „Клиничките испитувања покажуваат загуба на тежина од 15 до 21% со GLP-1 лекови, но во реалниот свет резултатите се значително послаби,“ вели д-р Ејвери Браун од NYU.
Дополнително, до 70% од пациентите ја прекинуваат терапијата во рок од една година. Пациентите треба да имаат реални очекувања и да размислат за хируршка опција доколку сакаат посериозни резултати.
Сепак, треба да се има предвид дека студијата е финансирана од Американското здружение за метаболна и баријатриска хирургија, кое има интерес од промоција на операциите.
Операцијата не е магично решение
И покрај тоа, студијата не ги отфрла придобивките од лековите. GLP-1 терапијата, покрај слабеењето, помага и кај дијабетес тип 2, а некои студии покажуваат и намалување на ризикот од рак и срцеви заболувања. Но, баријатриската хирургија сепак овозможила уште подобра контрола на шеќерот во крвта.
Важно е да се напомене дека операцијата не е магично решение – таа е инвазивна и бара трајни промени во исхраната и физичката активност.
Во идни истражувања, целта е да се утврди кои пациенти најмногу би имале корист од хирургија, а кои од GLP-1 лекови, и каква улога играат трошоците во успехот на третманот.
Na citelite na studijata da im preporacam da NE razmisluvaat za operacija. Povrzana es so golemi zhivoto zagrozuvacki rizici i godini podocna. Ubavo zaklucuva avtorot na kraj: “студијата е финансирана од Американското здружение за метаболна и баријатриска хирургија, кое има интерес од промоција на операциите.”
Коментирај анонимно