Зошто овој кинески чај чини 184.000 долари за килограм

Дали би дегустирале чај кој се пие од чаша за коњак и вино, а уживањето ве чини 3.577 долари? Тоа задоволство можете да го најдете во Хонг Конг во ресторанот „Glassbelly“ специјализиран за „улонг чај“ кој е еден од најскапите сорти чај на планетата. Научени сме на чај од билки, но овој чај чија што цена достигнува до 4.560 долари за 25 грама, го носи името „чај од карпи“.

За Кина ова не е нов тренд. Ретките чаеви долго време имаат високи цени. Па за да стане сето поинтересно се одлучиле да го кренат чајот на следното ниво, на првата аукција за чај во 2021 година била продадена „чајна торта“ (компресирани листови чај) која што тежела дури 330 грама и била продадена за 72.150 долари.

Сите се запрашавме што го прави овој чај толку добар?

На ова прашање сопственичката на ресторанот Винг Јеунг има еден совет до сите кои го пијат чајот: „Земи нешто да јадеш инаку ќе се опијаниш“. Чајот има слично дејство како алкохолот, но со веројатно помалку несакани ефекти. Конзумирањето премногу чај може да го натера човекот да се опушти и да се чувствува безумно таканаречено „чај пијан“.

Во Кина чајот е уметност. Постојат шест главни видови кинески чај: зелен, бел, жолт, улонг, црн чај и темен чај. Секој од нив е категоризиран според тоа како се обработуваат листовите и колку се ферментираат. Под секоја категорија постојат различни сорти на чаеви именувани поради повеќе причини. Местото од каде што се собрани или пак листовите кои се користат, дали се користи целиот лист чај или само пупките од листовите.

Зошто 184.000 долари за килограм?

Она што е толку специјално во „Улонг чајот“ е што расте само на карпите на планините Вуи во источна Кина – оттука и името „чај од карпи“.

Бербата на кинескиот чај се врши рачно бидејќи машините можат да ги оштетат нежните лисја. Тајната за правење одличен чај е да се соберат само првите два нови листови и лисната пупка на новиот пролетен раст. На растенијата за чај може да им требаат до три години да созреат и да дадат жетва. Некои растенија за чај можете да ги одгледувате во вашата домашна градина, бидејќи тие цветаат на топли температури и растат во текот на целата година кога се во топла клима.

„За да разберете зошто некои чаеви се скапи, треба да разберете што е добар чај“ – вели Винг Јеунг. Во потрагата по тој одговор Јеунг тврди дека нејзиниот тим истурил чај вреден од 5 милиони долари, што на крај ги натерало да го отворат овој ресторан. Но, многу одличен чај е поевтин од шише фина Бургундија. Па дали е навистина скап одлучете вие.