Зошто пиштолот на филмскиот сет со кој Алек Болдвин го усмрти кинематографот бил наполнет со вистинска муниција?

Смртоносниот тек на настани што доведе до тоа Алек Болдвин да пука со вистински пиштол и да ја убие кинематографката Халина Хачинс стана појасен откако се откри дека актерот пукал со пиштолот верувајќи дека е празен.

Трагичната несреќа се случи неколку дена откако двојникот на Болдвин исто така испукал неколку куршуми на сетот, откако му било кажано дека пиштолот е „ладен“, фраза што се користи за да му се даде до знаење на тимот на сетот дека пиштолот, не е наполнет и безбедно може да се пука со него.

Болдвин случајно ја убил Хачинс кога нишанел и пукал кон камерата управувана од кинематографката, погодувајќи ја во градите и ранувајќи го режисерот Џоел Соуза во рамото. По испуканиот истрел, Болдвин рекој: „Во сите овие години, никогаш не ми дале „жежок“ пиштол“.

Експертите вчера изјавија дека безбедноста на снимањето обично е на високо ниво, а вистински куршуми никогаш не се користеле.

Налогот објавен во петокот откри дека пиштолот бил поставен на сетот од Гутиерез-Рид, а на Болдвин му бил даден од помошникот режисер Дејв Холс, кој му рекол дека е „ладен“.

Неколку минути пред несреќата, Хана Гутиерез-Рид, која била одговорна за оужјето на сетот, поставила три реквизит пиштоли на количка надвор од локацијата на снимањето, се вели во налогот за претрес.

Првиот помошник-директор Дејв Холс зел еден од пиштолите, револвер Colt со „винтиџ“ стил,  не знаејќи дека е наполнет со вистински куршуми.

„Ладен пиштол!” извикал Холс пред да му го предаде пиштолот на Болдвин, користејќи ја фразата за да сигнализира до екипата  дека пиштолот е безбеден за пукање на местото на настанот.

Болдвин, снимајќи сцена во црква пукал кон камерата, случајно убивајќи ја Хачинс, и ранувајќи го режисерот Џоел Соуза, кој стоел зад неа.

Во налогот се вели дека еден куршум ја погодил Хачинс во градите, а потоа го погодил режисерот Џоел Соуза во рамото, што укажува на тоа дека куршумот поминал низ телото на Хачинс.

Откако го испукал куршумот, Болдвин веднаш реагирал и прашал зошто му бил даден „жежок“ пиштол.

Хачинс била пренесена со хеликоптер во болница, но бил прогласена за мртва. Соуза бил пренесен во болница со брза помош, но бил пуштен во четвртокот вечерта.

„Раст“ бил втор филм во кој Гутиерез-Рид била одговорна за оружје, првиот бил „Стариот пат“, во кој глуми Николас Кејџ.

Таа откри по завршувањето на снимањето дека „не била сигурна“ дали е „подготвена“ кога ја преземала работата.

Гутиерез-Рид (24) е ќерка на легендарниот холивудски консултант за огнено оружје Тел Рид, кој ја тренирал уште од рана возраст.

Никој не е обвинет или именуван како осомничен во случајот, иако полициската истрага е во тек.

Вистинска муниција обично никогаш не се користи на филмските сетови, а пукањето и убиството од страна на Болдвин е „тотална мистерија“, изјавија од сетот.

Мајк Тристан (60), кој обезбедува пиштоли за филмски сетови повеќе од 30 години, рече дека повредите со кои се здобила Халина Хачинс (42) не требало да бидат можни.

Тристан, кој претходно соработувал со Болдвин, рече дека секој професионалец кој е одговорен за оружје на сетот би го проверил пиштолот пред употреба.