Зошто плачат бебињата? (виц)

Научници го направија следното истражување:
На 10 мајки им покажаа снимка од бебе кое што почнува да плаче и ги прашаа:
– Зошто плаче бебето?
Тие дадоа брзи и адекватни одговори:
„Има стомачни грчеви“, „Гладно е“, „Му никнува запче“ итн.
Во следната фаза од експериментот им ја покажаа истата снимка на 10 татковци и ги прашаа истото прашање „Зошто плаче бебето?“ Сите татковци дадоа еден ист одговор:
„Плаче за мајка му!“