Зошто православните христијани ја слават Стара нова година?
Православната Нова година се слави секоја година на 14 јануари. Православната Нова година за нас позната како Стара нова Година се означува како 1 јануари во јулијанскиот календар, кој се користел пред Грегоријанскиот календар. Иако е важен за православните верници, тој не е државен празник.
Историја на Православната Нова Година

Православната Нова Година е неформален празник што го слават православните цркви во Русија, Србија, Македонија, Украина и другите источноевропски земји, по јулијанскиот календар.
Во минатото на овој ден луѓето се собирале во нивните маала, пред нивните куќи, палеле огромни огнови, јаделе и пиеле. Се пеело традиционална македонска музика, а за оние кои остануваат дома, традиција е да се крши лепче со паричка, како на Бадник. Со тоа што кај нас некои сакаат да останат верни на старата традиција и тоа го прават за Стара Нова година и воедно Василица, односно 13 кон 14 јануари. Додека пак други на 6-ти јануари односно Бадник.

Црквите имаат православни новогодишни настани како што се забави или вечери. Поединците кои одат на овие настани можат да се молат за Нова Година и да наздрават со своите пијалоци за година полна со добрина. Некои цркви организираат вечери за да се соберат средства за добротворни цели или за реставрација на црквите.
Што е тоа Јулијански календар?

Јулијанскиот календар бил инициран од Јулиј Цезар во 46 п.н.е. како начин да се промени римскиот календар. Овој календар бил измислен од грчки научници и, по наредба на Цезар, стапил на сила во 45 п.н.е.. Тој бил во употреба повеќе од 1.600 години пред Грегоријанскиот календар. Исто така некои ја почитуваат таа традиција и кршат лепче со паричка.
Тоа е стар црковен календар кој се користи од Македонската православна црква, Српската православна црква, Руската православна црква, Украинската православна црква и Источните цркви вклучувајќи ја и Вселенската патријаршија. За разлика од грегоријанскиот, овој календар е поназад за 13 дена во периодот 1900-2100 година и се зголемува таа разлика за 1 ден по 2100 година.
При заземањето на Египет од страна на Рим, Римјаните се запознале со новиот за нив начин на пресметување на времето и Јулиј Цезар решил да го воведе и во Рим, но со поголема точност, за да ги поврзе сончевата година со онаа од Европа, односно Сонцето со европската пролет, лето итн. По наредба на Јулиј Цезар, математичарот од Александрија Созиген создал римски календар, наречен Јулијански. Така, бил воведен во Римското Царство на 1 јануари 46 година п.н.е. со кое од 1 јануари започнувала годината.
Според овој календар една година трае точно 365 денови и 6 часа. Секоја четврта година се смета за висококочна и се состои од 366 денови.

Коментирај анонимно