Жртвата на напад од ајкула сфатил дека ја загубил ногата само откако ја видел како „плови“ покрај него, но продолжува да сурфа во морските води

Жртва на напад на ајкула откри дека не сфатил дека ја загубил ногата додека се сеќава на застрашувачката средба.

Сурферот, роден и израснат на Хаваи, Мајк Котс бил жртва на т.н тигар-ајкула додека бил на море со пријателите во 1997 година, кога имал само 18 години.

Потсетувајќи на нападот Котс објасни дека бил качен на даска за сурфање кога ајкулата се појавила под него. Додека тој веслал, ајкулата ја фатила неговата нога и почнала да ја гризе и да ја „фрла наоколу како партал“.

 

 

Тој објасни: „Знаев дека ќе ме нападне. Можев да видам што се случува и само почувствував огромен притисок “.

Котс го опиша чувството како „ 20 момчиња да седат на неговата нога во исто време“, но вели дека не чуствувал болка. Во обид да избега од нападот, сурферот ја удирал ајкулата „право по носот“, по што таа го пуштила и исчезнала во океанот.

Веднаш по искушението, Котс погледнал кон својот пријател, кој бил „блед како крпа“ со очите „излезени од главата“, но сурферот се фокусирал на тоа да се врати на копно.

 

 

Тој сподели:

„Се сеќавам дека го погледнав показалецот, беше цел расцепен, имаше крв насекаде, ја гледав коската низ прстот. Претпоставувам дека потсвесно сум ја ставил раката во устата на ајкулата за да ги извадам нозете, и тоа очигледно не функционираше“.

До овој момент, Котс не се фокусирал премногу на штетата што ја направила ајкулата со гризењето на ногата, но знаел дека нешто не е во ред кога „почувствувал чуден грч“ во екстремитетот.

 

 

Тој рече: „Мислев дека ајкулата доаѓа да го заврши тоа што го почна, но погледнав преку рамото и не беше така, ногата ми беше целосно одгризана“.

Котс се сети дека видел „огромна количина крв“, како во холивудски филм, но сепак успеал да се врати на брегот, каде што неговите пријатели брзале да му помогнат.

 

 

Сурферот морал да помине еден месец во болница како резултат на нападот и оттогаш добил протетски екстремитет, но неговото искуство не ја намалило неговата љубов кон морето. Тој набрзо се вратил во водата и до денес продолжува да ги уверува луѓето дека ајкулите се „убави суштества“ кои многу ретко го напаѓаат човекот.