Ѕвездата на Олимписките игри и на страниците за возрасни, Алиша Њуман, откри зошто „тверкала“ откако го изведе својот скок од 4,85 метри
Тешко дека брзо ќе ги заборавиме некои од најсмешните моменти на Олимпијадата во Париз, како Снуп Дог со неговата појава и уникатниот брејкденс на Рејгун. И секако, спортистката која го прослави бронзениот медал со нејзиниот „тверк“.
Кога ѕвездата на „OnlyFans“, Алиша Њуман скокна 4,85 метри во скок со стап на Олимпијадата на почетокот на овој месец, таа направи еден славенички потег. Сега, 30-годишната девојка објасни за што всушност била нејзината контроверзна прослава.
Кога Њуман го подигна првиот медал на Канада во скок со стап по повеќе од еден век, таа скокна директно од душекот и истрча пред публиката. Станувајќи вирална, спортистката потоа се преправаше дека ја повредила тетивата пред да направи „тверк“.
Многу луѓе претпоставуваа дека таа го направила тоа за да го прослави медалот, но таа откри дека тоа не било баш така. Наместо тоа, таа едноставно славела соборување на канадски рекорд.
„Многу луѓе мислат дека го изведов танцот поради бронзениот медал, но повторно, не знаев дека ќе добијам бронза, Анџелика Мозер од Швајцарија сепак имаше уште еден обид, таа лесно можеше да го заземе моето место“, изјави Њуман за „New York Post“.
„Значи, штотуку скокнав 4,85 м, срушив канадски рекорд. Мислам дека лажирав повреда и потоа танцував, очигледно сите го нарекоа тверк, но јас се смеам затоа што веројатно тоа не беше толку добар тверк“.
Коментирај анонимно