Ѕвездата на реалното шоу „Вистински домаќинки“, Џил Зарин, „шверцуваше“ цел куфер од Америка до Европа, затоа што во Европа го немало пијалокот што го сакала
Ѕвездата на „Real Housewives“, Џил Зарин е критикувана затоа што зела цел куфер и го наполнила со диетална кока-кола за на одмор во Европа.

Џил ги наполнила двете страни од својот багаж со лименки и шишиња откако се уверила дека во Европа го нема нејзиниот омилен пијалок.
Но, одлуката на телевизиската ѕвезда предизвика жестоки реакции во коментарите, бидејќи еден корисник на социјалните мрежи го означи нејзиното однесување како ненормално.
Во клипот, кој досега е прегледан повеќе од 3,7 милиони пати, Али ја снима мајка си Џил како се подготвува за нејзиното патување на брод, кога ќе ги прошетаат Хрватска, Италија и Грција.

Таа започнува: „Значи, јас шверцував диетална кока-кола од Соединетите Држави бидејќи тие не ја продаваат во Европа. Имаат само Кока-Лајт и Кока-Зеро и тоа е за никаде. Но, мислам дека една лименка експлодираше“.
Ѕвездата на „Real Housewives“ полека го крева капакот од куферот за да ги открие резервите кои треба да траат„две недели“.

Коментирај анонимно