Ѕвездата од спотот „Call on Me“ блеска и 20 години подоцна: Провокативната Деан Бери повторно во очите на јавноста благодарение на нејзината незаборавна фигура

Дваесет и една година по култниот видеоспот за „Call on Me“ на Ерик Придз, австралијката Деан Бери (44) повторно е во центарот на вниманието со својата беспрекорна фигура и енергичен дух. Поранешната професионална танчерка сега работи како онлајн и личен инструктор за танц и фитнес, води работилници инспирирани од 80-тите години и организира настани преку својата платформа „Deanne Berry Bodies“.

 

Ѕвездата од спотот „Call on Me“ блеска и 20 години подоцна: Провокативната Деан Бери повтоерно во очите на јавноста благодарение на нејзината незаборавна фигура

Деан денес

На својот Инстаграм профил, таа објави фотографии од теретана во спортска опрема, покажувајќи ги своите затегнати стомачни мускули, што ги воодушеви нејзините следбеници. Иако поминаа децении од видеото што ја прослави, каде таа носи тесно боди и предводи провокативна аеробик сесија, Деан и понатаму зрачи со иста харизма.

 

Деан денес

Повторно во очите на јавноста

Интересот за видеото повторно порасна по неговото појавување во новиот филм Warfare, каде припадници на морнарицата го гледаат спотот пред акциска сцена. Фановите ги преплавија социјалните мрежи со коментари дека Деан изгледа речиси идентично како во 2004 година.

Повторно во очите на јавноста

Денес, освен што води свој бизнис и инспирира нови генерации со фитнес видеа, Деан е и сопруга и мајка на три деца, успешно балансирајќи меѓу кариерата и семејството.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *