Ѕвезди, галаксии, НЛО: Што виде вселенскиот телескоп Хабл на вашиот роденден?

Универзумот е огромно пространство кое секојдневно се менува. Ѕвездите што ги гледаме денес можеби нема да бидат во иста положба утре.

Токму ова е шармот на проучувањето на универзумот и учењето за вселенските тела. Вселенскиот телескоп Хабл со години ја снима вселената и испраќа неверојатни фотографии на Земјата кои импресионираат со својата убавина.

По повод роденденот на вселенскиот телескоп Хабл, НАСА создаде интересен прелистувач кој им овозможува на сите да видат што снимил Хабл на датумот на раѓање.

Бидејќи Хабл не е толку стар, фотографиите не се поврзани со возраста, туку само со денот и месецот.

Посетителите можат да кликнат и да видат што направил Хабл на нивниот роденден или некој друг важен датум во нивниот живот, а потоа да ја споделат таа фотографија на нивните социјални мрежи.

Кликнете ТУКА за да видите како изгледала вселената на вашиот роденден. Сѐ што треба да направите е да „Изберете месец“ (Select month) и да „Изберете датум“ (Select date), да кликнете Submit и ќе го добиете вашиот одговор.