1.100 евра за четири стекови и риба, 45 евра за две кафиња… – Предупредување за оние кои планираат да патуваат во Италија, никако не одете во овие ресторани

Откако многу туристи се жалат од озогласениот ресторан на Миконос, други предупредуваат за уште една одлична локација која се најде на насловните страници поради истата причина. Наплаќање огромни суми за нормални оброци.

Прекрасната Венеција, домот на плоштадот Свети Марко, каналите, возењата со гондола и многу повеќе, е добро позната по тоа што е скапа, но ова се навистина смешни сметки.

Еден венецијански ресторан доби казна од 14.000 евра откако на четворица јапонски студенти им наплатиле 1.100 евра за четири стекови, чинија пржена риба, вода и услуга.

Групата јадела во ресторанот Остерија де Лука, близу до плоштадот Свети Марко, кога им била претставена неверојатната сметка. Откако се вратиле во Болоња, каде што студирале италијанска кујна, отишле во локалната полиција да го пријават ресторанот.

 

По жалбата, исто така било откриено дека на нивните пријатели кои избрале друг ресторан за вечера, им наплатиле 350 евра за три чинии тестенини со морска храна.

Ресторанот моментално има оценка од 1,5 на Tripadvisor, а една неодамнешна рецензија вели: „Отидов таму по случаен избор. Не го проверив нивниот рејтинг. Но требаше. Локацијата беше добра, услугата беше ужасна. Ако можам да оценам нула, би го направил тоа. Тие не прашуваат и ви носат вода која потоа ви ја наплаќаат 4 долари, а вие си мислите едноставно тоа е политика на ресторанот да носат вода за секоја маса, потоа нарачав пржена морска храна, тие ми рекоа дека 100 гр е малку, ќе ми дадат средна големина. Не мислев дека ќе ми наплатат 50 долари за пржена морска храна и 18 долари за вечера која беше ужасна. Плус имаа додадено и 15% услуга, го прашав келнерот рече дека тоа е данок“

Луиџи Бруњаро, градоначалникот на Венеција, вети дека ќе го разгледа ова прашање, а властите на крајот ја казнија Остерија да Лука со парична казна од вкупно 14.317 евра, по посетите на полицијата, здравствените службеници, градежните инспектори и националната полиција за финансиски криминал.

Сепак, ова не беше изолирана појава.

Една година пред поплаката на студентите, маж од Бирмингем на одмор со своите родители останал запрепастен кога им наплатиле 526 евра за ручек, кој вклучувал остриги, помфрит и зеленчук на скара.

 

Лук Танг, универзитетски професор, вечерал со своите 70-годишни родители и бил толку згрозен од сметката што ја добил во ресторанот Траторија Казанова што му напишал на градоначалникот да се пожали.

Во интервју за италијанската телевизија, градоначалникот Бруњаро тогаш рече: „Тоа се евтини трикови. Некој јаде и пие во ресторан, па мислите дека не го разбира јазикот и можеме да го ограбиме?“

 

И се чини дека туристите не треба да внимаваат само на ручеците и вечерите, откако на еден пар му наплатиле 43 евра за две кафиња и две шишиња вода.

Хуан Карлос Бустаменте (62) од Чиле, на социјалните мрежи сподели фотографија од неговата сметка од Caffe Lavena.

Кафулето, сместено во скапата област на плоштадот Свети Марко, откри дека дополнителните трошоци се должат на доплата за седење на плоштадот. Објавата, која стана вирална, привлече голем број коментари од револтираните колеги, но и од оние кои ја бранеа цената.

Едно лице напиша: „На плоштадот, ова е вообичаена цена во сите кафулиња, ако сакате да седите надвор. Вака е..“

„Па, мислам дека можете да го цените тоа што треба да платите за да седите на овие локации. Исто така важи и за кафулињата во Понте Векио или Ајфеловата кула“,

Додека трет следбеник напиша: „Безмислено е да се жалите, има ценовник надвор од влезот“.

  • Vlado напиша:

    Jas vo centarot na Kopehangen na eden plostad vo edno kafule sto imsse izlozeno samo cadori za sonce nadvor, a kafinjata gi nodea bukvalno od eden podrum od sisefnata kukja , za 4 kafinja so prijatelite plativme tocno 50 evra 🙁

  • N . N . напиша:

    Dok ima ovci ke ima i vuna ……..!!!!!!??!!,!??????

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *