10 брачни совети за хармонична врска кои можеби треба да ги примените!

Најдобриот совет не е секогаш очигледен, инаку самите би го помислиле. Кога станува збор за брак, најдобриот совет има тенденција да биде насочен кон задржување на фокусот на долгата врска.

Истражувањата покажуваат дека околу 50% од американските бракови завршуваат со развод.

На машкиот форум „AskMеn“ мажите отворија дискусија за тоа како може бракот да се задржи во добра форма целиот живот и си споделуваа брачни совети, кои ние сега ви ги презентираме.

„Татко ми еднаш ми рече: „Биди љубезен дури и ако не го чувствуваш тоа. Можеби особено ако не го чувствуваш тоа“

1.

„На мојата свадба, бабата на мојата сопруга ми кажа еден толку смешен, чуден, но солиден совет. Таа вели:

2.

„Ако се лутите еден на друг, легнете голи и видете дали можете да го решите тоа пред да заспиете“. Засега, многу добро ни оди. Годишнина во понеделник!“

3.

Дедо ми ми рече „Никогаш не оди во кревет со валкани садови во мијалникот“. Она што го научив е дека тој секогаш ќе и помага на баба ми и тогаш тие најмногу ќе си зборуваат“.

4.

„Немајте преголеми очекувања. Татко ми ни го кажа тоа и потоа откривме дека повеќето од нашите рани кавги биле кога едниот или другиот имале неискажани очекувања од другиот или од самиот брак. Позитивното во животот е дека треба да се промениш за да бидеш во брак, а неверојатното искуство е дека сепак животот продолжува колку и да си променет“.

5.

„Кажете „ви благодарам“ за секојдневните работи, дури и за вадењето на ѓубрето од корпата, за бришење на подот или за диплењето алишта. Кога гласно ќе искажете благодарност кај партнерот се  засилува чувството дека се ценети“.

6.

„Случајно дајте му на вашиот партнер ладен пијалок на топол ден. Малите нешта се оние кои значат“

7.

„Не се мажиш за неа, туку за целото нејзино семејство“

8.

„Бидете искрени, не го лажете партнерот“

9.

„Еден мој пријател еднаш ми рече: „Оди и купи две пици, било какви, наместо да се расправаш за додатоците“

10.

„Омажи за партнерот онаков каков што е, а не за неговиот потенцијал“

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *