10 докази дека родителите се суперхерои кои ќе ја жртвуваат и последната капка пот за своите деца

Како деца, веројатно не ги сфаќавме жртвите и напорите што нашите родители ги правеле за да имаме чинија храна на масата, безгрижно детство и здраво воспитување. Но, како што минува времето и созреваме, почнуваме да сфаќаме дека нашите мајки и татковци се суперхерои. А корисниците на Редит на оваа листа се погрижија да им оддадат почит на своите храбри родители пред целиот свет.

 

1.

Мајка ми секоја недела нѐ носеше мене и брат ми во Народна кујна за да волонтираме „Мора да бидеме љубезни со оние кои се помалку среќни“ велеше. Потоа, после волонтирањето, таа ќе речеше „Ох, доцна е и не ми се готви денес. Ајде да јадеме и ние сега кога сме веќе тука“.
Таа го правеше тоа за ние да не дознаеме дека сме всушност сиромашни.

2.

Мајка ми имаше оштетување на нервите во нејзината лева рака и никогаш не можеше да крене нешто високо без да почувстува сериозна болка. Но еднаш, ме подигна од креветчето на спрат за да ме однесе во подрумот за време на торнадо. Тоа беше единствениот пат кога ја имам видено да го направи тоа.

3.

Моите родители никогаш не си купуваа подароци за Божиќ еден на друг, за да има подароци за мене и за брат ми.
Бев многу тажен кога само тие не отвораа подароци на Божиќното утро, но сега кога дознав зошто било тоа навистина сум среќен колку биле несебични.

 

4.

Кога имав 14 години мојот клас требаше да оди на патување низ Европа. Патувањето чинеше 2000 долари и едноставно се знаеше дека сите ќе одат.
Мајка ми, која веќе работеше секој ден по цел ден, почна да работи и ноќна работа како чистачка.
Тогаш не ни се сетив дека тоа има врска со тоа дека таа собирала пари за јас да одам на патувањето.

5.

Мајка ми ќе нѐ однесеше во некој хотел на неколку часа од нашиот дом и ќе ни дозволеше да пливаме цел ден и да нарачаме пица во нашата соба.
Бевме сиромашни и мајка ми работеше две работи.
Ова беа нашите „одмори“.

6.

Мајка ми дала отказ од работа откако сум се родил за да може да ме чува.
Не сакала да ме носи во некој дневен центар или да најмува дадилка.
Навистина го ценам тоа.

 

 

7.

Моите родители останаа во брак 25 години, се додека јас и моите браќа не се исселивме.
Дури подоцна сфатив дека најверојатно тие жртвуваа 15 години, во кои можеа да бидат со некој друг партнер, само поради нас. И покрај се беа добри родители и сѐ уште се.

8.

Правев операција на грбот и морав да бидам во болница 5 недели.
Мајка ми беше таму со мене, не само да ме посетува, туку спиеше таму, работеше од нејзиниот лап топ, постојано покрај мене.
Одеше дома преку еден ден само за да се истушира и да се пресоблече и се враќаше за саат време.

9.

Моите родители спиеја на подот, за јас и брат ми да можеме да спиеме на душекот. Немавме пари и овие мали жртви што ги правеа за нас навистина ми значат.

10.

Татко ми го продаде неговиот прекрасен ’67 Мустанг за јас и моите браќа да можеме да тренираме хокеј и да имаме што да јадеме.
Планирам да му го купам повторно само да соберам пари.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *