10 коментари на луѓе во брак, кои ќе ве насмеат и уверат дека бракот не е секогаш здодевен
Иако понекогаш сакаме да останеме сами, подоцна сфаќаме дека всушност не сакаме да се ослободиме од љубовта на нашиот живот. Да, тие можат да бидат несмасни, незгодни и мрзeливи, но на крајот од денот, тие се смешни и се грижат за нас. Како се случи тоа? Само љубов, веројатно.
Ние избравме неколку смешни коментари на луѓе кои се познаваат и повеќе од добро и очигледно си немаат здодеано.
- „Пред да се омажам, не знаев дека млекото може да биде ставено погрешно во фрижидерот“.
- „98% од времето во брак е чекајќи го твојот партнер да стане од каучот за да ти донесе нешто“.
- „На мојот маж додека дремеше, му кажав дека ослабев едно кило, на што тој одговори: „Без гајле, ќе го најдеме утре“.
- „Жена ми ми рече дека треба да пораснам. Останав без зборови, сепак тешко е да речеш нешто кога имаш 45 гумени бомбони во уста!“
- „Сопругот ми рече дека можам да ја изгледам епизодата од серијата што заедно ја гледаме, сама, затоа што сака да си легне. Каков прекрасен човек! Отпосле сфатив дека тој ја има изгледано цела сезона сам…“
- „Случајно му најдов бело влакно на сопругот во брадата, се згазивме од смеење. Случајно ми најде бело влакно во косата, се згазивме од смеење додека тој си го местеше за спиење каучот во дневна…“
- На фејсбук: „Пред 5 години се омажив за мојот најдобар пријател, мојата душа, мојата љубов!“. Во вистинскиот живот: „ Ако уште еднаш ја изедеш храната од вчера, ќе те убијам!“
- „Пред да се земете со некој, слушнете го добро звукот на неговото џвакање и голтање. Тоа е звукот што ќе го слушате до крај на животот!“
- „Вистински пример за тоа што означува бракот е кога личноста на која најмногу и верувате, не ви верува дека не го седите далечинскиот управувач, се додека не го докажете спротивното.“
- „Маж ми се навредува кога ќе му кажам дека ништо не работи по дома. Еве на пример, неговиот роденденски подарок стои под корпата за алишта веќе 1 месец.“
Што прави вашиот партнер, што може да ве насмее солзи?

Коментирај анонимно