10 кратки вицови кои ќе ве направат главен фраер во друштвото

Прашање на интернет:
– Ако религијата ми забранува да јадам сланина, има ли некаква замена?
Одговор:
– Се разбира дека има: христијанство, будизам, а може да размислиш и за атеизам.

– – – – – – –

Внимавај што посакуваш, затоа што може да не знае да готви…

– – – – – – –

Редица во општата болница. Се отвора вратата и докторот вика:
– Поради законот за заштита на личните податоци, не можам да ги викам пациентите по име! Да влезе пациентот со психичко растројство!

– – – – – – –

– Дедо попе, ќе дојдеш ли да ми ја осветиш куќата?
– Добро. А колку квадрати е?
– Ајде сега, колку квадрати е! Јас те викам да ја осветиш не да ја глетуваш.

– – – – – – –

– Перо, немој од позади!
– А од каде бе Кире?

– – – – – – –

За мажите с*ксот е како гладот: Ако не ги пуштат во скап француски ресторан, ќе отидат во сендвичара. А некогаш си готват и сами!

– – – – – – –

– Докторе, после оваа операција на слепото црево ќе можам ли да свирам на хармоника?
– Се разбира!
– Хмм, интересна работа, претходно не можев!

– – – – – – –

– Женo, големината има ли значење?
– Не! – рече таа и му тури пиво во чашката за ракија.

– – – – – – –

– Што е семејниот живот?
– Јас работам… Жена ми работи… Вечер јадеме заедно…

– – – – – – –

– Комшо, затоа ли се ожени бе, сам да си ги простираш гаќите?!
– А не, тие са на жена ми!

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.