10 кратки вицови со Мујо и Хасо за поубав ден
1. Убав велосипед
Оди Хасо по улица и го гледа Мујо на убав велосипед, па го прашува:
– Од каде ти е толку убав велосипед?
– Пред некој ден, покрај мене помина една згодна плавуша на велосипед и застана. Одеднаш го фрли велосипедот настрана, се соблече и ми рече:
– Земи што сакаш!
– И ти, будало, си го зел велосипедот?! – го прашува Хасо.
– Па што да правам, кога облеката сигурно ќе ми беше тесна!
2. Чадор
Мујо ѝ вели на Фата:
– Еве ти го мојот чадор, да не накиснеш додека стигнеш дома.
Фата:
– Навистина си џентлмен! А ти како ќе си одиш дома?
Мујо:
– Со такси!
3. Наградна игра
Влегува Мујо во пекарница и прашува:
– Уште ли трае наградната игра?
– Каква наградна игра, бе Мујо?
– Па, кој ќе најде месо во бурекот, добива уште еден гратис!
4. Пушење
Докторот го прашува Мујо:
– Пушите ли?
– Само после секс.
– Гледам, белите дробови ви се како нови!
5. Ни килограм
Се жали Мујо:
– Веќе четири месеци сум член во теретана, а немам ослабено ни килограм. Утре ќе одам лично да видам што се случува!
6. Како две птици
Седат Мујо и Фата прегрнати на клупа, па Мујо ѝ вели:
– Фато, ги гледаш оние две птици на гранката колку се заљубени? Сакаш и ние така?
Фата му одговара:
– Не знам, Мујо… гранката веројатно ќе пукне!
7. Казна
Умреле Мујо и Фата и отишле пред Бога. Тој им вели:
– За секое неверство ќе добиете по едно боцкање со игла!
Мујо се исплашил и си помислил: „Леле, кутрата Фата… Јас ја изневерив десет пати, ама никогаш не ѝ кажав. Сега ќе добијам десет боцкања и готово.“
Откако ја одлежал казната, Мујо прашал:
– А каде е Фата?
Бог му одговорил:
– Ене ја, под машина за шиење…
8. Десет црни гаќички
Мујо ѝ купил на Фата десет исти црни гаќички. Фата се побунила:
– Аман, Мујо, луѓето ќе мислат дека не ги менувам гаќичките!
Мујо:
– Чекај… кои луѓе?!
9. Прашање за Фата
Мујо открил дека Фата го изневерува, па бесен ја прашал:
– Добро, кажи ми што има тој, а јас немам?
Фата:
– Сакаш во сантиметри или во евра?
10. Не е фер
Мујо му вели на Хасо:
– Хасо, друже, животот стварно не е фер.
– Зошто, бе?
– Кога и да запознаам некоја згодна жена, или таа е мажена или јас сум оженет!


Коментирај анонимно