10 кратки вицови за брзо разведрување на тмурниот викенд

Го сакам снегот. Снегот е единствениот што се симнува од планина, а не се вработува во општина или во администрација.

– – – – – – –

– Како заврши кавгата со жена ти вчера?
– Што да ти кажам, на крај лазеше на колена до мене.
– Не зафркавај! Вистина?! И што ти рече?
– Рече: Излегувај од под креветот да не ти дојдам јас таму!

– – – – – – –

– Добар ден. Ми треба еден тепих за детска соба, но да не се познава многу ако се извалка.
– Колку деца имате?
– Седум.
– Подобро асфалтирајте!

– – – – – – –

Мудра кинеска поговорка:
Порано или подоцна, се се враќа. Со исклучок на парите кои си ги дал на заем.

– – – – – – –

Секоја жена може да те нарече идиот, но само сошствената го мисли искрено.

– – – – – – –

Излегуваат двајца камен пијани од кафана.
Единиот:
– Брат, заборавив да мочам…
Другиот:
– Немај гајле, јас ќе те научам…

– – – – – – –

Таа долго време му викаше на својот маж и таман почна да ѝ поминува лутината, кога тој без да размисли добро ѝ рече:
– Еј, ај смири се!

– – – – – – –

– Комши, што се случува кај вас бе? Каков е тој народ?
– Абе, жена ми ја викна мајка си на гости, арно ама магарето ја клоцна и таа умре.
– И сите тие луѓе дошле на погреб?
– А не, сакаат да го купат магарето.

– – – – – – –

– Докторе, што имам на очите?
– Тага, најверојатно од недостаток на с*кс.
– Иии каков добар очен лекар.
– Ааа, очниот е во соседната ординација, јас сум психијатар.

– – – – – – –

Мажот и испраќа СМС на жена си:
„Ме грабнаа вонземјани. Си прават експерименти со мене. Целиот ме изгребаа, ми ги зедоа сите пари, ме полија со парфеми, ме мачкаат со кармин. За еден час ќе ме пуштат.“

  • N . N . напиша:

    Tie sto se simnaa od planina gi donesoa i kucinjata namesto kulturata , pa kako gradonacalinikot pravat poblemi …….
    Gospod napomos ………!!!!!!!??????????

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.