10 кратки вицови за да го започнете денот со насмевка

Доаѓа турист во Македонија, изнајмува Рентакар и прашува:
– Овде во Македонија возите од десно како во Германија, или од лево како во Англија?
– Пааа… Зависи каде не е раскопано.

– – – – – – –

– Што е кавалерство?
– Односот на еден маж кон жената на друг маж!

– – – – – – –

– Тато, зошто чоколадните бонбони се во тие шумливи пакувања?
– За да се слуша како мајка ти слабее во кујната, сине.

– – – – – – –

– Се испостави дека папагалот што го купив е женка.
– Е како го позна?
– Наместо да ги повторува работите што ги кажувам, ги оспорува.

– – – – – – –

Во кројачница:
– Добар ден! Сакам да си сошијам панталони.
– Нема проблем. Еве ви го столчето, седнете и шијте.

– – – – – – –

Разговараат две плавуши:
– Цуци, да ти се пофалам… си направив тетоважа во интимната зона!
– Леле значи фрлаш пари на ветрот… Колку мажи ќе ја видат, 100, 200? А другите?

– – – – – – –

– Која е најлудата работа што си ја направил за пари?
– Одам на работа!

– – – – – – –

– Докторе, ме боли задникот!
– Каде точно, господине?
– На влезот!
– Додека го нарекувате „влез“, нема да помине!

– – – – – – –

– Жено, веќе ми дојде преку глава дваесет години да ме поправуваш што и да кажам.
– Дваесет и една!

– – – – – – –

– Денес се чувствувам како пратеник.
– Зошто?
– Па некако така неодговорно, мрзеливо, заспано…

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *