10 кратки вицови за да ви ги наполнат батериите
Некаде во Охрид:
– Келнер, сметката!
– Ова е елитен ресторан господине, сметката ја носи кардиолог!
– – – – – – –
Германија. Полицајец запира автомобил полн со бегалци и ги зема документите на возачот. Ги прегледува и му вели на колегата:
– Еј, Ахмед, дојди да видиш какво смешно име – Гунтер…
– – – – – – –
Учителот по музичко го прашува Зоки:
– Како се викала жената на Моцарт?
– Моцарела…
– – – – – – –
Човек почнува да се турка на крајот на редот:
– Извинете, може ли да поминам да прашам нешто?
– Што ќе прашаш бе мајмун, ова е јавно ВЦ!
– – – – – – –
Жената пробува прстен во златарница:
– Миличок, што ќе кажеш?!
– Ти прави ДЕБЕЛА!…
– – – – – – –
Расходи за одбрана за 2024 година:
Македонија – 30 милиони долари;
Албанија – 45 милиони долари;
Бугарија – 68 милиони долари;
Манчестер Јунајтед – 80 милиони долари!
– – – – – – –
Од нашиот клас само Мики останал во Македонија…
– Браво на него! Патриот!
– Во затвор е…
– – – – – – –
– Мамо, светлото се јаде ли?
– Не, сине.
– А зошто тато сношти ти рече, гаси го светлото и лапај го?!
– – – – – – –
„Москвич“ го пушта на пазарот првиот електричен автомобил. Растојанието што може да го помине зависи од должината на кабелот.
– – – – – – –
Македонија има два основни проблема – политичарите и патиштата. Единиот проблем може да се реши со валјак, но со патиштата е посложно.
Коментирај анонимно