10 кратки вицови за дневна доза на смеа
– Жено, оваа песна што ја слушаш е многу стара.
– И мајка ти е стара, ама уште ја слушаш…
– – – – – – –
– Докторе, работам како вол, јадам како свиња и се уморувам како куче. Што да правам?
– Па, оди на ветеринар!
– – – – – – –
Се враќа првоодделенка на 1 септември и луто изјавува:
– Повеќе нема да стапнам таму!
– Зошто? – ја прашува мајка ѝ.
– Не знам да читам, не знам да пишувам, а да зборувам не ми дозволуваат.
– – – – – – –
На анкетата „Постои ли љубов на прв поглед?“ повеќето жени одговориле дека е тешко за толку кратко време да се процени финансиската состојба на жртвата.
– – – – – – –
Просечната жена се вљубува седум пати годишно… во чевли.
– – – – – – –
Двајца пријатели си разговараат:
– Како помина состанокот?
– Толку беше лошо што не можев да дочекам да се вратам кај жена ми.
– – – – – – –
– Мамо, денес Зоки сакаше да си играме чичко доктор – вели девојчето.
– Како така?! – нервозно прашува мајката. – Што се случи?
– Ништо, прво ме остави да чекам 45 минути, а потоа ми рече дека немам упат за на клиника.
– – – – – – –
Семејство во кревет. Мажот:
– Мила, кажи ми кога ќе имаш орг*зам!
– Не, душо, не сакам да те барам додека си на работа…
– – – – – – –
– Ајде симни ги гаќите, мајсторот ќе дојде секој момент.
– Ама немаме ли пари?
– Од радијаторот симни ги гаќите, ма!
– – – – – – –
Синот го прашува татко си:
– Тато, какво е да имаш убав син?
– Не знам, прашај го дедо ти…
Коментирај анонимно