10 кратки вицови за долго смеење
– Докторе, точно ли е дека здравјето не се купува со пари?
– Абе, кој ви ги полни главите со тие глупости?!
– – – – – – –
Им се смеев на дебелите – се здебелив…
Им се смеев на лудите – полудев…
Им се смеев на на богатите – нема ефект!
– – – – – – –
– Тато, кога ќе пораснам голем ќе можам ли да правам сѐ што ќе посакам?
– Не, сине. Тогаш веќе ќе си женет…
– – – – – – –
Разговараат две плавуши:
– Цуци, леле колку сум глупава… Цел саат си го барам телефонот, а си светам со блицот!
– Леле, навистина?! И го најде ли!?
– – – – – – –
– Мила, ќе ми направиш ли пита оваа недела?
– Не можам. Можеби другата.
– Ни таа не може, ја прашав.
– – – – – – –
Шефот:
– Како напредува новиот проект колега?
– Сѐ е направено во духот на нашите најдобри македонски традиции.
– А тоа е?
– Сѐ уште не сум почнал, но веќе сум уморен.
– – – – – – –
– Миличок, зошто кога се бакнуваме сакаш да те држам за ушите?
– Зошто еднаш во таква ситуација ми исчезна паричникот.
– – – – – – –
– Неженетите мажи не разбираат каква среќа е да си женет.
– Женетите исто така…
– – – – – – –
Стариот мајмун му објаснува на младиот што е тоа условен рефлекс:
– Сега ќе го притиснам ова копче, а оној идиотот таму во белиот мантил ќе ни донесе по една банана.
– – – – – – –
– Колку добро и воспитано дете! Која е тајната?
– Две шамари и три дена без телефон…
Коментирај анонимно