10 кратки вицови за долго смеење

– Пак ми се оди на Малдивите!
– Еј навистина? Јас не знаев дека веќе си бил!
– Не сум, ама секоја година ми се оди!

– – – – – – –

Жената пробува многу скап ѓердан во златара:
– Мажу, како ми стои?
– Те прави дебела!

– – – – – – –

Чудно нешто е пивото. Ти дава задоволство и на влегување и на излегување!

– – – – – – –

Сите верски книги, од Библијата до Куранот не учат како да сакаме, но Кама сутра ми е некако поконкретна!

– – – – – – –

Најубавото нешто да си возрасен е што си ги правел сите глупости пред да се појави интернетот и за тоа нема докази.

– – – – – – –

Прашале еден мудрец:
– За што им служи горната глава на мажите?
Мудрецот одговорил:
– Тоа е перископ на долната глава.

– – – – – – –

– Две жени се скараа за мене, за малку и ќе се степаа.
– Зошто?
– Едната викаше: “Земи си го!”, а другата: “За што ми е?”

– – – – – – –

– Зошто жените живеат подолго од мажите?
– Затоа што Господ кога сметал им го додал времето за паркирање.

– – – – – – –

– Кој е најпрестижниот старчески дом во светот?
– Белата куќа.

– – – – – – –

Во македонски затвор:
– Ти зошто си тука брат?
– Заради синот. На училиште напишал состав на тема: „Што работи татко ми?“

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *