10 кратки вицови за долго смеење

Ненадеен сончев удар е кога Сонцето ќе те фати со друго Сонце…

– – – – – – –

Прашање:
– Што е тоа „наследство“, а што „влијание на околината“?
Одговор:
– Ако децата личат на мајката и таткото, тоа е наследство. А влијание на околината е ако личат на комшијата.

– – – – – – –

– Конечно собрав пари за одење на море.
– Браво, а кога заминуваш?
– Па, кога ќе соберам и за враќање!

– – – – – – –

Кога кај девојка ти ќе се појави најнов модел на Ајфон, а ти не си го купил – гордеј се!
Таа не е со тебе заради парите.

– – – – – – –

На жена ми ѝ подарив вага. Таа ми подари линијар.

– – – – – – –

Владата секако ќе ви ги земе парите. Ако ги прекршувате правилата, плаќате казни. Ако ги почитувате – плаќате даноци.

– – – – – – –

Таткото:
– Учителката да не позна дека ти помагам со домашните?
– Не… Рече дека сум стана уште поглупав…

– – – – – – –

Две плавуши си прават муабет:
– Цуци, веќе три дена сме во Париз, а уште не сме оделе во Лувр…
– Не се секирај, можеби е од храната нешто…

– – – – – – –

– Мажу, зошто сметката за интернет во последно време расте?
– Жено, тоа е затоа што некој многу често го боли главата!

– – – – – – –

– Шефе, ако не ми ја кренеш платата за 2000 денари, ќе им кажам на колегите дека си ми ја кренал за 4000!

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *