X

10 кратки вицови за долго смеење

1.

Ограбиле двајца Црногорци банка, па се вратиле дома. Откако ја оставиле вреќата со парите на масата, едниот го вклучил телевизорот.

– Ќе ги броиме ли сега парите или ќе почекаме на вестите да кажат колку сме украле?

2.

Ало, овде Игор, дали е ова Собранието?
– Да, господине, што ви треба?
– Сакам да станам пратеник. Што ми треба за тоа?
– Дали сте луд?
– Да, сум. Треба ли уште нешто?

 

3.

После добар с*кс мажот ја прашува жената:
-Посакуваш ли некогаш да бидеш маж?
– Не, а ти?

 

4.

Жена запознала еден маж. Веќе еден месец се гледале, па тој ја прашал:

– Дали си била мажена?

Таа веднаш одговорила:

– Да. Трипати, ама ниту еднаш не сум имала с*кс.

Тој зачудено ја прашал:

– Како е можно да си била мажена, а да не си имала секс?

Таа му одговорила:

– Првиот сопруг ми беше слаткар, само лижеше. Вториот беше крзнар, само галеше. А третиот беше градоначалник, само ветуваше.

5.

На патот огромен метеж, сите автомобили стојат. На еден човек некој му тропа на прозорецот.

Тој го отвора и прашува: Што се случува?

– Терористи ја киднапирале целата Влада и министрите и бараат 10 милиони евра. Ако не им ги дадат, ќе ги полеат со бензин и ќе ги запалат.

– И колку даваат луѓето?

– Па така… по литар-два.

6.

Свештеник им се обраќа на присутните на погребот и за покојниот вели: Не беше баш љубител на цркви, воопшто не доаѓаше…

Во тој момент некој од присутните дофрлува: Ни сега немаше да дојде, да не го донесевме.

7.

Оди полицаец по улица и наоѓа пингвин. Го носи во полициската станица кај својот началник.

Началникот му вели: Што ќе ми го носиш пингвинов? Однеси го во зоолошка.

Полицаецот си заминува. По работното време, началникот повторно ги среќава полицаецот и пингвинот.

– Зар не ти реков да го однесеш во зоолошка?!

Полицаецот му одговара: Го однесов во зоолошка. Сега го водам во кино.

8.

Што последно му кажува жена самоубиец на својот маж откако ќе се нареди со бомби пред огледало?
– Да не ме прават дебела?

9.

Што се случува кога плавуша ќе премине граница на некоја земја?

– Просечниот коефициент на интелигенција на едната земјата расте, а на другата се намалува.

 

10.

Цветко бил пред умирање. На постелата, сакајќи мирно да оди на оној свет, ја прашува жена си:
– Жено, дали ти некогаш си спиела со некој друг?
– Абе, би ти кажала, но што ако не умреш.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *