10 кратки вицови за долго смеење
1.
Влав низ прозор го вика син му за ручек:
-Сине ручекот е готов!
– Ручав тато кај Трпе!
– Абе ова не е дете, ова е злато на тато.
2.
Влегле двајца во еден мотел крај автопатот. Пред да дојде келнерката почнале да се договараат што ќе пијат. Едниот бил за млеко, вториот за чај, ама после краткотрајно убедување сепак се одлучиле за млеко. Токму тогаш дошла келнерката и прашала:
-Што ќе пиете?
-Две млека.
После неколку минути се вратила келнерката со две празни чаши, ги ставила на маса, ја раскопчала кошулата и се измолзела во чашите.
-Уф мајката – промрморел едниот – што ли ќе беше ако нарачавме чај.
3.
Влегува егеец во кафана и вика:
– Кој го спаси син ми од давење, кој го извади од реката???
И еден од гостите скромно дига рака и му вика:
-Јас го спасив син ти…
– Кај му е капата бе, а!?
4.
Влегува некој дедо во аптека и бара четврт апче вијагра.
– Добро бе стари, знам дека пензијата ти е мала, ама за твои години ти требаат барем 2 апчиња.
– А бре сестро, ми треба толку, колку да не си ги мочам кондурите
5.
Влегува плавуша во автобус и купува два билети:
-Зошто ви се две билети кога сте сама? – прашал возачот.
-Па ако го изгубам едниот, другиот е сеуште тука.
-А ако го изгубиш и вториот?
– Ааа за такви ситуации, имам јас и месечен билет.
6.
Во градскиот парк долетел ангел од небото и ги оживеал двете скулптури на маж и жена велејки:
-Со години стоите тука. Ви давам живот за половина час да правите што сакате.
Мажот и жената веднаш отрчале во најблискиот џбун. Од таму се слушало мешколење, шушкање, смеење… По извесно време се слушнало од џбунот:
-Ајде сега ти држи го гулабот, а јас ќе му се испосерам на главата!
7.
Во пустина во некоја оаза имало езерце. Езерцето имало „лековита“ вода …
Влегува човек без една нога и излегува со нова нога.
Влегува човек со една рака, излегува со 2.
Влегува човек во инвалидска количка и излегува со нови Мишелин гуми.
8.
Во судница:
– Значи вас господине Трпе, соседката ви рекла дека сте мајмун. Дали е тоа вистина?
– Вистина е господине судија.
– Па зошто тогаш ја тужите?
9.
Возел Мујо низ Сараево со мерцедесот негов, отворил прозорите, рокнал турбо фолк и ја извадил едната рака низ прозор и почнал да удира на кровот по тактот на музиката. Го среќава Хасо и му вика: „Аман бе Мујо, шо се правиш фраер, па пола Сараево вози мерцедес?“ А Мујо му вика: „Абе пола Сараево вози мерцедес, ама пола Сараево нема две раце“
10.
Гинекологот прегледува жена и и вели:
– Госпоѓо, за вас имам една убава вест.
– Не сум госпоѓа, јас сум госпоѓица.
– Е тогаш имам една лоша вест.

Коментирај анонимно