10 кратки вицови за долго смеење

Почетен курс за компјутери специјално наменет за Македонци:
„Хардвер е тоа што го клоцате, софтвер е тоа што го пцуете.”

– – – – – – –

– Колку години имаш?
– Поблиску сум до 30 отколку до 20.
– Поточно?
– 50.

– – – – – – –

Оглас: Продавам специјално дресирани кучиња водачи за луѓе со Инстаграм!

– – – – – – –

Проблем е, ако гостите веќе дошле, а жена ти уште се облекува.
Голем проблем е, ако жена ти веќе дошла, а гостите уште се облекуваат.

– – – – – – –

Научниците вкрстија мачка и зајак. Добиениот хибрид уште брка глувци, но сега со друга цел!

– – – – – – –

Жените ме сметаат за дебел, само додека не дознаат колку пари заработувам…
Потоа ме сметаат и за беден.

– – – – – – –

Бизнисменот вели:
– Чипс, тоа е уметност да продадеш 50 грама компири по цена на 2 килограми.
Хомеопатот вели:
– Аматер!

– – – – – – –

– Пред да се оженам ги сакав сите жени на светот!
– А сега?
– Сега за една помалку…

– – – – – – –

Британските научници откриле дека после третата ракија Македонците го користат пцуењето како запирка!

– – – – – – –

Одам кај шефот да барам покачување:
– Шефе, со ваква плата никогаш нема да можам да се оженам.
– Ќе ми бидеш благодарен за тоа еден ден, верувај ми.

  • p10t0typ напиша:

    Двајца ловци од Њу Џерси се шетаат во шума и едниот од нив паѓа на земја. Пријателот проверува дали дише додека врти на брза помош. „Мислам дека мојот пријател е мртов. Што да правам“, прашува тој и потоа операторот му одговара: „Смирете се, ќе ви помогнам. Најпрвин проверете убаво дали навистина e мртов. Настапува тишина и се слушаат гласни истрели. Ловецот се враќа да го земе телефонот и вели: „Ок, и што сега?“.

  • Коментирај анонимно

    Напиши одговор на p10t0typ Откажи одговор

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *