10 кратки вицови за долго смеење

Научниците од МАНУ утврдија дека штом досега од Вселената никој не воспоставил контакт со нас, значи дека таму има разум.

– – – – – – –

Разликата меѓу Германецот и Македонецот е што после седмото пиво, Германецот поминува на „Ти“, а Македонецот на ракија.

– – – – – – –

Вистинскиот џентлмен никогаш не ѝ кажува на една дама дека е дебела. Тој само забележува:
„Ако те види баба ти, ќе се гордее со тебе!“

– – – – – – –

– Ало миличон, имам добра вест!
– Каква, миличка?
– Не си го плаќал осигурањето на колата за џабе…

– – – – – – –

– А бе мажу, да беше малку поромантичен!
– Ти и така роди осум деца, а ако бев и романтичен…

– – – – – – –

– Ало, вие ли нарачавте жена-возач?
– Да.
– За превоз или за забава?
– За забава.
– ОК. Излезте на терасата – започнувам да паркирам!

– – – – – – –

Зоки се враќа од училиште целиот окезен.
– Шо те е бе Зоране, да си добијал петка?
– Не, ама учителката ме пофали! Рече дека имам ракопис како на доктор со 20 години пракса.

– – – – – – –

– Драги, го фатив букетот на невестата!
– И сега како ќе се гледаме кога ќе се омажиш?

– – – – – – –

Инструкторот по возење на првиот час:
– Кога возиш треба да си како маж на плажа. Главата гледа напред, а очите шараат на сите страни.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *