10 кратки вицови за долго смеење на своја сметка

Во Македонија, каде и да се свртиш, луѓе со темно минато ни ветуваат светла иднина.

– – – – – – –

Највисока форма на препорака во Македонија: „Кажи дека јас те праќам“!

– – – – – – –

Само во Македонија, покрај пријател, познаник, роднина, постои и категорија на блискост: „Сме седеле на иста маса“.

– – – – – – –

Бугарин влегува во Македонија, а цариникот на англиски го прашува:
– Occupation?
А Бугаринот му одговара:
– No, just visiting… this time!

– – – – – – –

– Тато, зошто еден маж во Македонија може да има само една жена?
– Законот не штити, синко!

– – – – – – –

– Пеце, преминуваме еднонасочна улица! Зошто гледаш на двете страни?
– Брат, во Македонија сме! Гледам дури и нагоре!

– – – – – – –

Еден Македонец – комита.
Двајца Македонци – чета.
Тројца Македонци – чета со предавник.

– – – – – – –

Знаете ли зошто не можете да играте шах со Бугарин?
Ќе ви го земе кралот без да приметите!

– – – – – – –

Во Македонија патиштата не ги уништуваат камионите, туку јахтите и имотите во странство!

– – – – – – –

Борбата против корупцијата во Македонија изгледа како риболовот на Дискавери – ги фаќаат, ги покажуваат (понекогаш дури и ги бакнуваат) и ги пуштаат!