10 кратки вицови за долго смеење

– Госпоѓо, зошто дури сега пријавувате грабеж дома?
– Па на почетокот си помислив дека мажот ми барал чиста кошула.

– – – – – – –

Испит на медицински факултет по предметот микробиологија. Професорот поставува прашање:
– Што знаете за мувлата, колега?
– Јас сум ерген, живеам сам во студентски дом. Знам сè за мувлата професоре!

– – – – – – –

Жената се враќа нерасположена дома:
– Мажу, стареам!
– Што ти текна пак сега тоа жено?
– Пред малку во преминот ме нападнаа двајца и само ме ограбија…

– – – – – – –

Откако имаме бебе со жена ми, си ги делим обврските – таа дои, затоа што јас не можам, јас спијам, затоа што таа не може.

– – – – – – –

– Да ти се плукнам во животот!
– Што е бе брат?
– Ја потрошив цела плата, а ѝ ветив на мојата дека ќе ја водам на море.
– Не се секирај бе брат! За што се пријателите? Еве јас ќе ја водам.

– – – – – – –

– Тоа е лошо зборче! – вели учителката – Каде си го слушнал?
– Тато го кажа.
– Повеќе не го повторувај! Ти дури не знаеш ни што значи!
– Знам. Тоа значи дека колата пак не сака да запали.

– – – – – – –

Скапан живот, скапани луѓе, скапано време… ааааа не, сè е во ред, си ја најдов ракијата.

– – – – – – –

– Мамо, зошто тато си отиде од дома?
– Ти сине знаеш ли како се бришаат пораки на Вибер?
– Да.
– Е па тој не.

– – – – – – –

– Пеце, да те прашам нешто. Кога си бил најнавреден во животот?
– Најнавреден бев еден ден кога на работа добив СМС порака од комшијата да имам с*кс потивко.

– – – – – – –

Разговараат две пријателки:
– Како си после разводот, се споравуваш ли?
– Се справувам, ама не е лесно. Целата машка работа ми се струпа мене. Лежам на каучот, пијам пиво и гледам филмови.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *