10 кратки вицови за инстант подобрување на расположението

Еј, какви времиња дојдоа. Веќе и таксистите не знаат кој и како да ја среди државата…

– – – – – – –

Во чуден свет живееме!
Жените земаат кредит за пластични операции, за да ги заведат мажите коишто зеле кредит за автомобил.

– – – – – – –

Секое утро чистачката во Музејот за современа уметност го прашува директорот:
– Шефе, ова уметност ли е или да го фрлам?

– – – – – – –

– Ќе ме сакаш ли и без пари?
– Ќе те сакам, ама ќе ми фалиш!

– – – – – – –

– Зошто комшијата рано на сабајле оди околу куќата и пцуе?
– Или кучето му избегало, или жена му се вратила.

– – – – – – –

– Знаеш ли на кого жените најмногу му завидуваат?
– Мислам дека на гасениците.
– Зошто?
– Па за да биде во форма, жената постојано треба да се грижи за себе си, де се ограничува од многу нешта, а гасеницата прво јаде, јаде, јаде, потоа спие, спие, спие и на крај штрац-убавица.

– – – – – – –

– Вие мажите само на едно мислите…
– Како само на едно?!? А мезе?

– – – – – – –

– Комши, дојди да ти дадам сол?
– Имам.
– Да ти дадам шеќер тогаш?
– Имам.
– Абе ти дојди, јас ќе најдам што да ти дадам…

– – – – – – –

Жена се вози во градски автобус и чита статистика за смртност.
По некое време му се обраќа на мажот што седи до неа и уплашено вели:
– Замислете си, со секое мое издишување, умира по еден човек.
– Сакате мастика?

– – – – – – –

Недела наутро. Таа и тој во кревет. Таа замислено погледнува кон прозорецот:
– Еве, и сонцето се крева…
– Ајде, без сарказам, ти се молам!

– – – – – – –

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *