10 кратки вицови за љубителите на црниот хумор
Делчевска промоција: Се закачаш со еден, те тепаат тројца.
– – – – – – –
МВР објавува оглас:
„Лекуваме клептоманија со клаустрофобија.“
– – – – – – –
– Жено, што си ставила во кексот?
– Тајна, душо…
– Мори ти глупа си или така се правиш… Кажи веднаш, на интензивна сум во клиника, докторите прашуваат…
– – – – – – –
– Мила, супата со печурки е прекрасна.
– Таква супа се јаде еднаш во животот.
– – – – – – –
Возрасен богаташ се советува со својот пријател кој е стар дедо со згодна и млада жена:
– Сакам да се оженам за една убава девојка, ама таа има 25, а јас 65. Дали шансите ќе ми се зголемат ако ѝ речам дека сум 50?
– Не другар, шансите ќе ти се зголемат ако ѝ кажеш дека си 80.
– – – – – – –
Авионска несреќа, ја отвораат црната кутија. Последните збориви што ги снимила биле:
– Тато, татооо, дај и јас малку да повозам!
– – – – – – –
Вести:
„Сношти во зоолошката градина, два и пол непознати сторители се обиделе да го украдат крокодилот.“
– – – – – – –
– Докторе, мажот ми фати трипер. Што да правиме?
– А тој зошто не дојде да го прегледам?
– Па тој уште не знае!
– – – – – – –
Метеорски дожд. Sвезди паѓаат на секои 5 минути. Зетот и бабата си замислуваат желби. Зетот си замислил, бабата не успеала…
– – – – – – –
Берберницата „Ван Гог“ ве очекува…
Коментирај анонимно