10 кратки вицови за повесел празничен ден (виц)

– Сакаш ли ракија?
– Каква е?
– Не знам.
– Може…

– – – – – – –

– Капањето овде е забрането – ѝ вели полицаецот на една жена, која самошто не влегла во езерото.
– Зошто не ми го кажавте тоа додека се соблекував?
– Соблекувањето овде не е забрането!

– – – – – – –

Семејната кавга кулминира:
– Животно!
– Глупачка!
– Да даде Господ да си ги заборавиш сите пасворди!
– Еее… сега веќе ја претера!

– – – – – – –

Жените не ги забораваат мажите со кои спале.
Мажите не ги забораваат жените кои не им дале.

– – – – – – –

Децата, коишто остануваат сами дома, побрзо научуваат германски.

– – – – – – –

– Какво вино сакате, бело или црвено?
– Јас сум далтонист, тури ми една ракија!

– – – – – – –

Мажот ја прашува жена си:
– Колко мажи си имала?
– Девет.
– Значи јас сум ти деветиот.
– Не, петиот.

– – – – – – –

– Мила, доста со тие прости муабети за секојдневни ситни проблеми… Ајде да разговараме малку за вечното…
– Добро, душо… Ти зошто ВЕЧНО немаш пари, А?!

– – – – – – –

Крокодил седи на врвот на 15 метри високо дрво и си мисли:
„Повеќе никогаш нема да јадам наркомани!“

– – – – – – –

Таа падна во депресија и си закажа на психијатар, но потоа размисли и сфати дека треба да преземе посериозни мерки и ѝ треба нешто појако, па си закажа термин кај фризерката.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *