10 кратки вицови за повесел продолжен викенд

Никогаш не прашувај:
Жена за годините, маж за платата и скопјанец од каде е.

– – – – – – –

Момент на разделба. Поглед за збогум. Тоа е крајот. Тој ја остава. Таа си тргнува, душата ѝ плаче, срцето ѝ крвари…
– Марија, почакај!
– Да?!
– Дај ми го бројот на Тања со големите ц*цки!

– – – – – – –

– Докторе, кога ќе можам да продолжам со нормалниот полов живот?
– 40 години сум доктор и прв пат добивам вакво прашање после операција на крајниците!

– – – – – – –

– Сакаш ли сланина?
– Даа!
– Целата сам твоја!

– – – – – – –
– Жено, кога ќе умрам не ми ја тргај бурмата!
– Зошто бе Тоше?
– Нека види Господ дека веќе сум бил во пеколот…

– – – – – – –

– Која е разликата меѓу маж-песимист и маж-оптимист?
– Песимистот се нервира затоа што сите жени изневеруваат. А оптимистот – смета на тоа!

– – – – – – –

Одмор е кога жената не ти се лути дома, туку на морето!

– – – – – – –

– Веќе 5 месеци имам бизнис во Македонија и веќе имам 1 милион.
– Како успеа толку брзо?
– Па, почнав со 2 милиони.

– – – – – – –

Тој:
– Колку години си?
Таа:
– Колку ми даваш?
Тој:
– 500 денари…

– – – – – – –

Врв на сељачизмот е да зборуваш за Моцарт, без да си прочитал ниту една од неговите книги!

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *