10 кратки вицови за повесел продолжен викенд
Во Македонија каде и да се свртиш, луѓе со темно минато ти ветуваат светла иднина.
– – – – – – –
– Киро, да си купиме завеси, зошто комшијата може да ма види гола.
– Де, де, ако те види, тој ќе си купи.
– – – – – – –
На времето немаше потреба од психијатри и психолози. Мама со еден удар ни ја чистеше кармата, ни ја обновуваше аурата и ја нормализираше лошата енергија.
– – – – – – –
Најдобрата врска е меѓу цигарата и пушачот: Таа ќе гори за него, а тој умира за неа.
– – – – – – –
Женска логика:
Според мажените жени – сите мажи се идиоти.
Според немажените жени – сите неидиоти се женети…
– – – – – – –
– Ване, ти детектор за лаги си видел ли?
– Е како да не сум видел, бе?! Јас сум женет за него.
– – – – – – –
Едно прашање за тие што сакаат слаби и стројни жени: Сте виделе ли дебела змија?
– – – – – – –
Во денешно време ако имаш 35 години и уште си немажена, не е проблем! Само си пропуштила два разводи.
– – – – – – –
Мајсторе, колку чини да ми ги поправиш кочниците?
– Околу 1500 денари.
– Е тогаш само појачај ми го звукот на сирената.
– – – – – – –
Пријател не е тој што те носи дома кога си пијан, туку тој што лази до тебе на земјата.
Коментирај анонимно